Connect with us

Луис Енрике: Ќе возвратиме силно во Париз

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, даде свој коментар по поразот (0-1) од Борусија Дортмунд во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Според шпанскиот стручњак, натпреварот бил рамноправен, но на тимот влијае поразот и на реваншот во Париз за една недела ќе ја покажат својата сила.


„Ова е фудбал. Многупати е прекрасен. Но, понекогаш и тоа се случува. Едноставно топката не сака да влезе во голот. Натпреварот беше изедначен. Соблекувалната е малку засегната. Ќе бидеме многу силни во Париз, нема што да загубиме“, изјави Енрике.

„Немам вести за Лукас Херандез. Не изгледа многу добро, но ќе ги чекаме лекарите“, изјави шпанскиот стратег за состојбата на централниот дефанзивец, кој се повреди во првото полувреме.

Реваншот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд се игра во вторник на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови