Connect with us

Челси сака да го врати Антонио Конте на клупата

Челси испрати богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот предводен од Маурисио Покетино со променлив успех во текот на целата сезона. Челси моментално е деветтопласиран во англискиот шампионат и се очекува Покетино да ја напушти клупата на крајот од сезоната.

Конте, кој е желба на Милан и на Наполи, го водеше Челси од 2016 до 2018 година и со него ја освои титулата во Премиер – лигата во сезоната 2016/17, а една година подоцна го крена и трофејот наменет за најдобриот тим од ФА Купот. Меѓу останатите клубови со кои раководеше Конте, кој е и поранешен селектор на Италија, се Јувентус, Интер и Тотенхем.


Тотенхем беше неговиот последен клуб во неговата тренерска кариера. Тој минатата година го напушти со заедничка согласност, откако ги нарече играчите себични, а клупските челници – губитници.

„Ова е приказната за Тотенхем: Истиот сопственик е тука 20 години и тие никогаш не освоиле ништо. Зошто? Дали е виновен клубот или секој тренер кој е тука оттогаш?”, изјави Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови