Connect with us

Пауло Соуса доби отказ од Фламенго

Поранешниот португалски репрезентативец Пауло Соуса е отпуштен од функцијата тренер на бразилскиот гигант Фламенго, соопшти клубот. Соуса на крајот на минатата година го напушти кормилото на полската репрезентација за да ги предводи „црвено-црните“, но во клубот од Рио де Жанеиро остана само шест месеци.


Португалецот имаше двегодишен договор, но беше ослободен од обврските по двата последователни порази во првенството, со што тимот остана на 14. место по десет одиграни кола во бразилското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови