Connect with us

Падна договор: Левандовски во Барселона за 50 милиони евра

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски конечно ќе си ја исполни својата најголема желба и ќе потпише за Барселона. Падна договор меѓу двата клуба, каталонскиот гигант ќе плати 50 милиони евра во кои се вклучени и бонуси, а голгетерот на Баерн Минхен до крајот на викендот треба да потпише тригодишен договор и да се пресели на „Камп Ноу“.

Долги и тензични беа преговорите, Левандовски се појави и на првите тренинзи на Баерн Минхен за новата сезона, но беше толку очигледно дека нема волја да продолжи да го носи дресот на баварскиот клуб и дека инсистира на трансфер во Барселона.

Тој најверојатно ќе биде претставен како големо засилување на Барселона пред почетокот на „Гампер куп“, а уште од понеделник најверојатно и ќе почне со тренинзи со тимот на Чави Хернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови