Connect with us

Осимен: Наполи продолжува да мечтае

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, одигра уште еден одличен натпревар во сезоната и беше во фокусот на успехот од 3-0 над Ајнтрахт Франкфурт. Тој ги постигна првите два гола на натпреварот и помогна во историскиот пласман во четвртфиналето на турнирот.


Сепак, тој навести дека соништата на „наполитанците“ се уште поголеми.

„Сакаме да уживаме во овој момент и да гледаме напред. Секогаш е убаво да се победи. Ја испишуваме историјата на овој клуб. Продолжуваме да сонуваме, за нас нема граници. Ги следиме советите на нашиот тренер и гледаме напред“ изјави Осимен.

Историски успех постигна и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој стана третиот кој успеал да стигне до четвртфинале во ЛШ, по Горан Пандев и Иван Тричковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови