Connect with us

Незапаметени сцени пред „Монжуик“: Фановите на Барса го „запалија“ градот (ВИДЕО)

Барселона и ПСЖ вечерва го играат реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а каков спектакл подготвуваат вечерва навивачите на каталонскиот клуб најдобро покажува видеото кое доаѓа од улиците на овој град.


Овие тимови се сретнаа минатата недела на „Паркот на принцовите“ во натпревар кој го воодушеви фудбалскиот свет, видовме дури пет гола, а на крајот Барселона победи со 2-3.

Иако каталонскиот клуб има гол предност пред вечерашниот меч, јасно е дека тоа не му гарантира пласман во полуфиналето и дека ПСЖ сигурно ќе го даде својот максимум за вечерва да оствари пресврт на „Монжуик“.

Атмосферата на улиците на Барселона е веќе вжештена и одамна немало ваков спектакл кога се во прашање навивачите на каталонскиот клуб.

Сепак, сцените кои ни доаѓаат од Барселона најдобро покажуваат колку овој натпревар е важен за Каталонците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови