Connect with us

Немаше што да јаде, а првите копачки ги извади од ѓубре – сега вреди 120 милиони евра

Нигерискиот интернационалец Виктор Осимен блеска во редовите на Наполи. Тој беше повреден на стартот од сезоната, но по враќањето постигна 14 гола на 12 натпревари и е еден од адутите во тимот на Лучијано Спалети кој ита кон титулата.


Она што започна како детски сон во сиромашните квартови на Лагос се претвора во бајка за 24-годишниот напаѓач кој израснал на улиците на најголемиот град во Нигерија правејќи сеѐи сешто за тој и неговото семејство да преживеат. Додека ги чистеше олуците на соседите за пари и носеше вода, фантазираше за своите идоли, Дидие Дрогба, Џон Оби Микел и други, а неговиот живот почна да се менува од денот кога најде копачки во ѓубрето.

Една година подоцна, неговата кариера започна. Успеа да пристигне во Волфсбург, играше за Шарлроа и за Лил, пред да направи голем трансфер во Наполи во 2020 година.

Сега е цел на најголемите европски гиганти и вреди 120 милиони евра. Осимен има договор до летото 2025 година, а најзаинтересиран за него е Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови