Connect with us

„Наполитанците“ пак го освоија „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Наполи славеше против шампионот Милан на „Сан Сиро“ со 1-2 и се врати на врвот на табелата во Серија А со 17 бода, колку што има и Аталанта. Елиф Елмас доби шанса во последните неколку минути, но неговите соиграчи ги исполнија сите задачи од тренерот Спалети.


Матео Политано во 55.минута од пенал донесе водство, а израмни Оливие Жиру во 69.минута. Но, Џовани Симеоне беше човекот на одлука откако постигна победнички гол во 78.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови