Connect with us

Наполи се договори со Кејлор Навас

Наполи заврши половина работа и се договори со голманот на Пари Сен Жермен, Кејлор Навас околу неговиот трансфер на југот на Италија, пренесуваат медиумите на Апенините.


Искусниот Костариканец не сака да биде замена за Џанлуиџи Донарума на „Паркот на принцовите“, па затоа од раководството на „светците“ побарал дозвола да го напушти Париз, а изборот на 35-годишниот голман е Неапол.

Со продажбата на Навас на Наполи, ПСЖ сака да ја намали цената на шпанскиот играч за врска Фабијан Руиз, кого сака да го купи од италијанскиот тим за 25 милиони евра.

Договорот на Навас со францускиот шампион истекува во 2024 година, а неговата плата во Париз е неверојатни 8 милиони евра годишно, па позајмица би била најдобрата опција, а Наполи ќе исплаќа само половина од платата на Навас.

Останува Пари Сен Жермен да се согласи на таков аранжман, за да може Навас да пристигне на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови