Connect with us

Нани се сели во Австралија, потпиша за Мелбурн виктори

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Нани кариерата ќе ја продолжи во австралискиот клуб Мелбурн Виктори со кој потпиша двегодишен договор. Нани во Мелбурн пристигна од Венеција, откако спогодено го раскина договорот. За овој италијански клуб одигра десет натпревари откако го напушти Орландо во ноември минатата година.


Овој 35-годишен Португалец за осум сезони во Манчестер Јунајтед освои четири титули во Премиер – лигата и во Лигата на шампионите, а беше дел и од репрезентацијата која го освои Европското првенство во 2016 година.

Нани во кариерата настапуваше и за Спортинг Лисабон, Фенербахче, Валенсија и за Лацио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови