Connect with us

На Нејмар му се закануваат пет години затвор

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар би можел да добие затворска казна од пет години, ако се докаже дека е виновен за измама и корупција околу неговиот трансфер од Сантош во Барселона во 2013 година.


Покрај Нејмар, во судскиот процес кој почнува во понеделник во Барселона, обвинети се и неговите родители, двата клуба, поранешните претседатели на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел и поранешниот претседател на Сантош, Одилио Родригес.

Тужбата ја поднесе бразилската компанија „ДИС“, која поседуваше 40% од правата на Нејмар додека тој беше играч на во Сантош. Тие тврдат дека Нејмар е продаден многу под неговата пазарна вредност и со тоа е направена голема измама.

„Правата на Нејмар не беа продадени на оној што ќе понуди најмногу. Имаше клубови кои понудија и до 60 милиони евра“, изјави адвокатот на „ДИС“, Пауло Насер, на прес-конференција.
Барселона објави дека трансферот изнесувал 57,1 милиони евра, од кои 40 милиони се исплатени на семејството на Нејмар.

„ДИС“ доби 40% од преостанатите 17,1 милиони платени на Сантош.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови