Connect with us

Мурињо побара автограм од Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на турнирот во Рим каде во два сета беше подобар од Аргентинецот Ечевери, а мечот го следеше Жозе Мурињо, кој сега го предводи тимот на Рома, па неговото доаѓање и не е толку големо изненадување.


Но, она што го направи по мечот беше изненадување. Тој се симна во соблекувалната, го чекаше Новак, се поздрави и разговараше со него, а потоа – ја симна капата и побара автограм.


Секако, Ноле му ја исполни желбата на големиот тренер, а организаторите на турнирот сето ова го овековечија и го објавија на официјалниот Твитер профил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови