Connect with us

Мората се враќа во Јувентус?

Италијанскиот калчолигаш Јувентус има намера да го врати Алваро Мората иако клубот претходно не ја искористи опцијата за откуп после истекот на позајмицата од Атлетико Мадрид. Шпанскиот напаѓач не е во плановите на Диего Симеоне, а Алегри силно го посакува во својот тим.


Директорите на Јувентус имале средба со агентите на Мората, кој исто така сака да се врати во Торино. Атлетико повторно е подготвен да го пушти на позајмица, но сега со клаузула за задолжителен откуп и сума од 30 милиони евра.


Минатата сезона Мората за Јувентус постигна 12 гола и запиша девет асистенции за гигантот од Торино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови