Connect with us

Мојсов: Имаме респект кон Шкупи, но и не го преценуваме

Шкупи и Брегалница го отвораат 12. коло во Првата македонска фудбалска лига со дерби дуел на Чаир. Лидерот Шкупи е голем предизвик за штипскиот тим по серијата од три победи во шампионатот.


Капитенот Даниел Мојсов го потенцира мотивот кај фудбалерите на Брегалница за ново квалитетно издание и позитивен резултат од гостувањето во Скопје.

„Јасно е дека не очекува најтешкиот натпревар во овој есенски дел против најквалитетниот тим во лигата за кого имаме огромен респект. Но, во исто време во Скопје одиме да се надигруваме без преценување на никого. Ние за овој натпревар имаме свои идеи, цели и амбиции носени од желбата да приредиме уште една радост на нашите навивачи“, вели Даниел Мојсов.

Шкупи е лидер на табелата со 26 бода, а Брегалница со добрите игри се проби до четвртото место и има седум бода помалку.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови