Connect with us

Меси не ги поздрави навивачите на ПСЖ, откако го исвиркаа пред мечот со Рен (ВИДЕО)

Големо изненадување направи Рен, кој сензационално го победи ПСЖ со 2-0 на „Паркот на принцовите“, нанесувајќи му го првиот пораз на парискиот тим во Лига 1 на последните 36 натпревари. Интересна ситуација се случи непосредно пред почетокот на натпреварот, кога официјалниот спикер го прочита составот на играчите на ПСЖ.


Сите фудбалери на парискиот тим добија аплаузи од своите навивачи, освен Лео Меси кој заработи гласни свирежи. Аргентинецот, кој на мундијалот ја заслужи титулата најдобар фудбалер на сите времиња, веднаш по натпреварот го напушти теренот и не отиде со соиграчите да ги поздрави навивачите по завршувањето на мечот.

ПСЖ на почетокот на оваа сезона испадна од Лигата на шампионите, а незадоволството од тоа се одрази и кај навивачите, кои виновникот го најдоа во Меси. На Аргентинецот не му помага и тоа што беше најзаслужен за победата на неговата репрезентација над Франција во финалето на Светското првенство.

Како што пренесува „Л’Екип“, веќе не е сигурно дека Меси ќе остане во ПСЖ токму поради реакцијата на навивачите. Неговиот договор истекува на лето, а тој сѐ уште не се договорил за продолжување на работката. По овој пораз од Рен и исвиркувањето на Меси, преговорите ќе станат уште потешки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови