Connect with us

Меси: Бразил и Франција се главни фаворити на СП

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси не сака да ја вброи неговата селекција како еден од главните фаворити за Светско првенство.


Фудбалерот на Пари Сен Жермен смета дека Бразил и Франција се главните кандидати за освојување на титулата на Мундијалот во Катар.

„Кога зборуваме за фаворити, имаме големи селекции како Бразил, Германија, Франција, Англија, Шпанија, сигурен сум дека заборавив некого. Ако треба да изберам една или две репрезентации, тогаш би рекол дека Бразил и Франција се двата најголеми кандидати за освојување на титулата“, изјави Меси.

Аргентина на Светското првенство ќе игра во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и со Полска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови