Connect with us

Мбапе предизвикал скандалозна тепачка со 60 луѓе по мечот Барселона – ПСЖ

Пари Сен Жермен ја елиминира Барселона откако во реваншот славеше со 1-4 и ја анулира негативата од првиот меч во Париз (2-3). Килијан Мбапе даде два гола, славеше жестоко уште на теренот, а потоа предизвикал скандалозна тепачка пред соблекувалните на двата тима во која учествувале околу 60 луѓе, открива „Мундо Депортиво“.


„Беше многу „жешко“ по натпреварот. Причината е големото славје на фудбалерите на ПСЖ кои оваа победа ја доживеаја како одмазда за поразот во првиот натпревар, но и за историскиот пресврт на Барселона кој се случи во сезоната 2016/17. Како резултат на големата возбуда поради убедливата победа и пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, некои играчи го напуштија теренот славејќи ја победата, секој на свој начин. Килијан Мбапе ја имаше најжестоката прослава“, пишува „Мундо Депортиво“.

„Прво, додека одеше кон тунелот по натпреварот, реши да слави на теренот и веќе изнервира некои играчи на Барселона, но тоа беше само почеток. После тоа, Мбапе влезе во тунелот и се упати кон гостинската соблекувална, а потоа имаше уште еден „момент на лудило“. Прво, тој почна да вика силно со неколку негови соиграчи.

„Ова е фудбал, теренот е местото каде што разговараме“, ечеше Мбапе додека одеше кон соблекувалната на неговиот тим.

Ова веќе вознемири голем број играчи на Барселона кои сфатија дека сѐ што зборува Мбапе всушност е адресирано кон нив. Тие веднаш тргнале кон него за да му ја прекинат прославата. Тогаш жестока тепачка избила пред соблекувалните, а сѐ било пропратено со жестоки навреди, туркање и пцовки. Во тепачката учествувале речиси сите играчи на двата тима, но и стручните штабови. Во тепачката и туркањето учествувале околу 60 луѓе“, открива каталонскиот медиум.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови