Connect with us

Мбапе: Баерн има тим за да ја освои ЛШ, а ова е максимумот на ПСЖ

Килијан Мбапе не успеа да го реализира тоа што го најави на „Алијанц Арена“. ПСЖ доживеа елиминација од Баерн Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите.


Тој го призна поразот (2-0) и потенцираше дека Баерн има состав кој може да го освои трофејот во елитното европско клупско натпреварување.

„Баерн беше подобар, тие имаат тим за да ја освојат Лигата на Шампионите. Што се однесува до нас, ова е нашиот максимум“, изјави Мбапе.

Францускиот ас има договор до јуни 2024 година, а сега повторно ќе почнат шпекулациите за негово заминување од Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови