Connect with us

Мартин Стојанов поради повреда отпадна од А-тимот за мечот против Саудиска Арабија

Мартин Стојанов нема да биде дел од фудбалската репрезентација на Македонија на натпреварот со Саудиска Арабија во Абу Даби. Тој поради повреда отпадна од селекцијата на Благоја Милевски.

Денеска на Стојанов му беа извршени детални лекарски прегледи (снимања) и беше потврдена повредата. Се работи за скинати мускулни влакна на бутниот мускул.

Селекторот Милевски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Мартин Стојанов, со оглед на временските ограничувања во однос на добивање виза за ОАЕ.

Селекцијата вечерва преку Истанбул патува за Абу Даби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови