Connect with us

Мартин Мирчевски ја урна Шкендија, Шкупи триумфално низ Кавадарци

Шкупи го освои Кавадарци, го совлада Тиквеш со 0-1 и се зацврсти на првата позиција на табелата во Првата фудбалска лига. Дефанзивецот Абдул Руатубјаје во 30.минута беше стрелец на победничкиот гол за тимот од Чаир.


Дербито се играше во Струмица, а триумф славеше Академија Пандев која на крилјата на фантастичниот Мартин Мирчевски направи пресврт (2-1) против актуелниот првак Шкендија. Тетовци имаа водство со голот на Љупчо Дориев во 17.минута, но пресвртот се случи во финишот, откако Шкендија не искористи неколку изгледни можности.


Во 77.минута, Мартин Мирчевски од десетина метри ја искористи повратната топка и го матираше Костадинов Захов, а во 87.минута постигна прекрасен гол со глава по центрашутот од десната страна.

Ренова не попушта, го победи Пелистер во Тетово со 2-0 и љубоморно го чува второто место. Ремзифаик Селмани во 61.минута го отвори резултатот од пенал, а Шефит Шефити во 72.минута го потврди триумфот. Пелистер од 60.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Дарко Размоски.


Брегалница ја декласира Македонија ЃП со 4-1. Штипјани почнаа фуриозно и постигнаа три гола во првиот дел. Ескиќ донесе предност во 16.минута, Алтипармаковски зголеми на 2-0 во 27.минута, а Мартин Стојанов постигна гол од пенал непосредно пред одморот.

Абу Камара во 70.минута намали на 3-1, но Марјан Алтипармаковски со вториот свој гол го постави конечниот епилог, 4-1.

Струга Трим Лум повторно не успеа да победи. Крај езерото Борец успеа да освои бод играјќи 1-1, иако од 50.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кристијан Николовски. Клисман Цаке во деветтата минута донесе предност за Струга ТЛ, но израмни Енсар Љума во 82.минута од дуелот.

Вчера, Скопје оствари победа (0-1) на гости против Работнички. Марио Станковски, напаѓачот на Работнички си постигна автогол.

ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 2-1

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-1

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2-0

ТИКВЕШ – ШКУПИ 0-1

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1-1

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0-1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови