Connect with us

Манчестер Сити нуди 100 милиони фунти за Бруно Гимараеш

Раководството на Манчестер Сити го таргетираше наследникот на Кевин Де Бруин, играчот од средниот ред на „граѓаните“, кој можеби и ќе си замине на крајот од сезоната. Менаџерот Пеп Гвардиола смета дека Бруно Гимараеш, фудбалерот за врска на Њукасл, би бил иделната замена за Де Бруин. Белгиецот дури и да остане, тој сепак во јуни ќе наполни 33 години, а оваа сезона имаше многу мака со повредите.


Манчестер Сити е подготвен да плати 100 милиони фунти за да го доведе Бруно Гимараеш на „Итихад“. Во игра за 26-годишниот Бразилец е и Пари Сен Жермен.

Клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за купување на Кевин Де Бруин, па Манчестер Сити сака да го доведе Бруно Гимараеш, покрај Лукас Пакета од Вест Хем, кој исто така е приоритетна цел на „граѓаните“.

Гимараеш игра за Њукасл од јануари 2022 година. Тој има вкупно 101 настап за тимот, постигнувајќи 14 гола и 14 асистенции. Неговиот договор е до крајот на сезоната 2027/28.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови