Connect with us

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи Кунде

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Барселона, Жил Кунде. Во последните денови се зборува дека Французинот не е среќен на „Камп Ноу“ и сака да си замине ова лето. Засега тој негира такво нешто, но и покрај ова, гласините за негово заминување продолжуваат да кружат низ јавниот простор, а „црвените ѓаволи“ се обидуваат да ја искористат ситуацијата, откако се распрашуваат за можноста за негов трансфер, пишува „Manchester Evening News“.


Не е тајна дека Ерик Тен Хаг сака да потпише нов централен бек на лето и Кунде би бил навистина атрактивна опција. Тој одигра многу квалитетна прва сезона со тимот на Барса. Покрај тоа,

Французинот е сестран играч, бидејќи покрај централен дефанзивец, може успешно да игра и во улогата на десен бек.

Сепак, на „Камп Ноу“ им се потребни финансиски средства за да можат да ја исполнат својата голема цел и да го вратат Лионел Меси во својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови