Струга Трим Лум го оствари можеби тоа и за што не сонуваше пред неколку сезони. Новоформираниот клуб со моќен спонзор успеа за неверојатно брз период да дојде до Првата лига, а веќе во втората сезона во елитата стигна и до пласман на европска сцена.
Одлична стратегија, но и мудро и посветено водење од клупата од Срѓан Захариевски. Во финишот од шампионатот, стружани успеаја да ја стопат големата негатива во однос на Македонија ЃП и да завршат како третопласирани на табелата.
Во последното коло, на Струга Трим Лум и беше потребна победа во Кратово против Силекс. И успеа да ја оствари иако повеќе од еден час беше со фудбалер помалку на теренот.
Срѓан Захариевски не отстапи од концепцијата, неговоит тим да игра офанзивно и да бара начин за победнички гол иако беше бројно инфериорен на теренот во Кратово. Поради ова, Срѓан Захариевски е избран за најдобар тренер за 33.коло во Првата фудбалска лига.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski