Connect with us

МАКФУДБАЛ – Тим на 29. коло!

Шкендија веќе сигурно граби кон новата шампионска титула, со победата против Македонија ЃП во 29. коло јасно потврдувајќи го тоа. Па, ако на таа тема и ќе нема многу возбудувања до крајот на првенството, факт е дека битката ќе биде за четвртата позиција која би можела да води во Европа како и во трката за опстанок во која жестоко се вклучени Силекс и Беласица. Победа се чини е на патот кон Втората лига по поразот од Шкупи од 0-3.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 29. коло во Првата лига. 

1. АНДРЕЈА ЕФРЕМОВ (СИЛЕКС)

Одличен на голот на Силекс, во второто полувреме во неколку наврати извонредно интервенирајќи па на тој начин спасувајќи ја победата за својот тим против Работнички.

2. МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)

Уште еднаш одличен во таборот на тетовци. Добар дел и од офанзивните акции на Шкендија се движат по десната страна. Асистент за третиот гол на „црвено-црните“ во победата од 4-2 против Македонија ЃП.

3. КОСТА МАНЕВ (ВАРДАР)

Сигурен во одбраната на „вардарци“, цврст, одлучен… Во неколку наврати максимално активен и во нападот со шанса и за запишување во листата на стрелците.

4. РЕИС ЖУНИОР (ВАРДАР)

Еден од најзабележителните во редовите на Вардар, квалитетната партија ја зачини и со погодок во победата од 2-0 против Ренова.

5. ВИСАР МУСЛИУ (ШКЕНДИЈА)

Повторно во фокусот. Се издвојува и со одлучноста во дефанзивата, но и постојано активен во нападот на својот тим.

6. ФИЛИП НАЈДОВСКИ (ВАРДАР)

Одличен во средниот ред на „црвено-црните“, креатор на добар дел од акциите на тимот а го отвори со погодок и патот кон трите бода.

7. БОБАН ГЕОРГИЕВ (СИЛЕКС)

Повторно повеќе од квалитетно издание на Георгиев за кратовци. Со гол од пенал ја донесе и значајната победа за својот тим против Работнички.

8. АГИМ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)

Уште еднаш „алфа и омега“ во редовите на Шкендија. Без него не минути ниту една акција. Одлично асистираше за првиот и четвртиот гол на тимот, а вклучен во акциите и на останатите два.

9. ВИКТОР АНГЕЛОВ (ШКУПИ)

Шкупи конечно пружи партија која ја очекуваат навивачите на чаирскиот состав, по кризниот период. А, Ангелов триумфот од 0-3 против Победа го заокружи со два погодоци.

10. СЕРЖО ЖУНИОР (ШКУПИ)

Еден од најдобрите во редовите на Шкупи. Ја раздвижи играта во второто полувреме, запишувајќи се и во листата на стрелците.

11. МАРЈАН РАДЕСКИ (ШКЕНДИЈА)

По долгата пауза поради повреда и тоа како брзо се врати во препознатливата гол-форма. Најдобар стрелец на Шкендија во пролетниот дел, а триумфот против Македонија ЃП на тетовци го заокружи со два гола.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ГОРАН СИМОВ (СИЛЕКС)

Силекс активно ја продолжува битката за опстанок. Извојувана значајна победа против Работнички, па на Симов сега останува товарот до крајот на сезоната да се избори за продолжување на настапите во прволигашкото друштво.
 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови