Македонската репрезентација до 18 години од 19. до 25. август ќе учествува на силен контролен турнир во Чешка на кој ќе учествуваат домашната селекција на Чешка, Украина и Словачка.
Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Шкумбин Арслани за натпреварите кои ќе се играат во Теплице ќе смета на следните фудбалери:
Голмани: Иван Николовски (Победа), Кристојан Китановски (Вардар); Одбрана: Али Асани (Вардар), Филип Костовски (Њу Старс), Алтрим Јакупи (Шкендија), Александар Ѓурковски (Вардар), Имран Фетаи (Шкендија), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Виктор Крстевски (Вардар); Среден ред: Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Работнички), Иван Николов (Академија Пандев), Бехар Фета (Њу Старс), Леонид Игњатов (Вардар), Влада Новески (Војводина, Србија), Хамза Рамани (Шкупи), Ерен Парталко (Академија Пандев), Лавдрим Љатифи (Болдклубен, Данска); Напад: Азер Омерагиќ (Вардар), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методи Максимов (Работнички);
„Турнирот во Чешка ќе биде одлична можност да се видат квалитетите и тимски и индивидуални на репрезентацијата и секој од повиканите фудбалери. После успешниот јунски камп кој го имавме во Дојран, ова е уште една можност да бидеме заедно и да одиграме натпревари против квалитетни противници. Ова е фаза кога се обидуваме да ги одбереме најдобрите во составот, сега имаме неколку нови имиња и очекувам дека ќе донесат квалитет и напредок во нашата игра. Се надевам на позитивни резултати и дуели на кои ќе покажеме квалитет и цврст карактер“, изјави селекторот на македонската репрезентација, Шкумбин Арслани.
Првиот натпревар Македонија го игра против Украина на 21 август, еден ден потоа се соочува со Словачка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Јетон Беќири
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Емотивно интервју: Стефан Ашковски за бегството од Иран (ВИДЕО)
Женски фудбал
Фудбалерките до 17 години поразени од Северна Ирска
Евро-фудбал
Клоп ќе биде тренер во Мадрид, ама не на Реал?!













