Connect with us

Македонија У17 подобра од Романија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години сосема заслужено успеа да оствари минимална победа (1-0) над соодветната селекција на Романија во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции во Скопје.

Никола Стојковски беше стрелец на единствениот погодок на денешната средба во второто полувреме, во 65. минута. Нашите млади фудбалери беа подобар противник во текот на сите 90. минута. Имавме неколку одлични нереализирани можности за погодок преку Манојлов, Алији и Незири.

Македонија: Амар Хаџибулиќ, Анес Мељиќи, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови