Connect with us

Лукаку нема намера да се враќа во Челси

Ромелу Лукаку нема намера да се врати во Челси откако ќе истече неговата позајмица во Интер на крајот од тековната сезона. Белгиецот се чувствува исклучително среќен поради неговото враќање во Милано и нема желба повторно да се раздели со „нероаѕурите“. Според „Газета дело Спорт“, раководството на Интер исто така веќе одлучило да преговара за позајмица со Челси и за следната сезона, без разлика на резултатите на тимот.


Интер им плати на лондончани сума од 7 милиони евра за да го земе 29-годишниот Белгиец на позајмица. Најверојатно слична сума ќе биде платена и за следната сезона. Инаку, Челси го купи Лукаку за 113 милиони евра, но тој за една година на „Стемфорд Бриџ“ на 26 премиерлигашки натпревари постигна само осум гола.

Оваа сезона не започна баш најдобро за Лукаку од едноставна причина што пропушти околу еден месец поради повреда на мускулот. Сепак, напаѓачот сега се врати на тренинзите, со план да се врати и на теренот на дербито со Рома на 1 октомври.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови