Connect with us

Луис Рубијалес ќе се жали на казната од ФИФА

Поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубијалес, најави дека ќе поднесе жалба на казната од ФИФА, која му забрани три години да извршува какви било функции поврзани со националниот и меѓународниот фудбал.


„Уште сега изјавувам дека ќе се жалам. Ќе се борам до последната инстанца за да има правда и да се разјасни вистината“, напиша Рубијалес на својот профил на социјалната мрежа Икс. Својата порака ја придружуваше со емоџи на стегнат бицепс во знак на сила и борба.

Луис Рубијалес има право на жалба на казната изречена од Дисциплинската комисија на ФИФА до Комитетот за жалби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови