Connect with us

Луис Дијаз не може да се врати во Колумбија затоа што не му се гарантира безбедноста

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, не може да се врати во родната Колумбија поради безбедносни причини. Фудбалерот сакаше да отпатува во Јужна Америка за да биде со своето семејство, но роднините го убедија да не го прави тоа бидејќи имаше загриженост дека нема да биде безбеден.


Таткото на Дијаз се води за исчезнат од неделата, откако бил киднапиран заедно со неговата сопруга. Мајката на играчот била пронајдена и спасена од полицијата, но потрагата по таткото продолжува.

Владата на Колумбија вклучи делови од армијата во акцијата. Главната грижа е дека тој е префрлен на територија на Венецуела. Границата меѓу двете земји поради тоа е силно чувана, но опфаќа дел од густата џунгла и е многу тешко да се следи.

Дијаз за драмата дозна во саботата навечер и тоа беше причината да биде изоставен од тимот за неделниот натпревар против Нотингем Форест. Клубот и целиот тим му дадоа поддршка, а Диого Жота му го посвети првиот гол на натпреварот на Колумбиецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови