Connect with us

ЛШ: Милан го декласира Динамо, Реал поразен од Лајпциг, Јувентус испадна (ВИДЕО)

Бенфика го совлада Јувентус со 4-3 и го елиминира од Лигата на шампионите веќе по групната фаза. Сега италијанскиот тим во последното коло ќе се бори да продолжи во Лига Европа.


Антонио Силва донесе водство за Бенфика, но брзо одговори Влаховиќ. Сепак, до крајот на првиот дел португалскиот тим обезбеди предност со головите на Жоао Марио од пенал и Рафа Силва кој погоди двапати и понуди шоу. Јувентус во завршницата преку Милик и Меккени намали на 4-3, но не можеше да избегне пораз.

Милан лесно го победи Динамо Загреб на „Максимир“ со 0-4. Матео Габија беше стрелец на првиот гол, а мечот го решија Рафаел Леао и Оливие Жиру во вториот дел. На крајот Љубичиќ си постигна и автогол, а Стефан Ристовски и и Аријан Адеми беа стартери во тимот на „модрите“.

Лајпциг му го нанесе првиот пораз на Реал Мадрид совладувајќи го со 3-2. Гвардиол и Нкунку донесоа предност од 2-0, а Винисиус Жуниор погоди пред одморот. Сепак, Тимо Вернер во 81.минута постигна трет гол за домашниот тим, а Родриго од пенал го постави конечниот резултат.

ПСЖ го декласира Макаби Хаифа со 7-2. По два гола постигнаа Меси и Мбапе, во листата на стрелците се запишаа и Нејмар и Солер, а Голдберг си постигна и автогол. Двата гола за Макаби Хаифа ги постигна Абдулаје Сек.

Единствен меч без голови беше дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, но со тој резултат и двете екипи се пласираа во осминафиналето. Ријад Махрез не успеа да реализира пенал, на почетокот на второто полувреме откако Грегор Кобел го одбрани неговиот удар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови