Connect with us

Ливерпул набрзо оди на продажба

Англискиот премиерлигаш Ливерпул набрзо може да добие нови сопственици, објави „Фенвеј спортс груп“, инвестицискиот фонд кој моментно го има управувачкиот пакет акции во клубот. Ова не значи дека тие се подготвени комплетно да го напуштат клубот, туку со задоволство би прифатиле нови инвеститори, било да се работи за Соединетите Американски Држави или од арапскиот свет.


„Сакаме транспарентност кога станува збор за сопственоста на ФСГ над Ливерпул. ФСГ неодамна доби интерес од трети лица да станат акционери во Ливерпул. ФСГ и претходно изјави дека ќе дозволи влез на нови акционери во клубот, но само под соодветни услови и само доколку тоа е во најдобар интерес на Ливерпул. ФСГ останува целосно посветена на успехот на Ливерпул на и надвор од теренот“, објавија мнозинските акционери на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови