Connect with us

Ливерпул ќе се обиде да го „грабне“ Гави

Англискиот премиелригаш Ливерпул крои план како да го доведе вундеркиндот на Барселона, Гави. Неговиот договор со каталонскиот гигант истекува во јуни 2023 година, а има откупна клаузула од само 50 милиони евра. Клубот од „Енфилд“ без размислување би ја активирал за да го доведе младиот фудбалер на Островот.


Гави блесна оваа сезона и со своите настапи ја импресионираше цела Европа, па на 17 години веќе е стандарден член на шпанската репрезентација. Барселона веќе започна преговори за продолжување на соработката, но преговорите не одат во добра насока, а Ливерпул тоа сака да го искористи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови