Македонија ЃП повеќе од десет години не знае за триумф против Шкендија во меѓусебните пресметки на домашната фудбалска сцена. Токму тоа, како што нагласуваат, е силен мотив за „лавовите“ пред денешната пресметка во Ѓорче Петров во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Лавовите“ немаат победа против Шкендија од 26. април 2008 година кога триумфираа со 1-0. Во последните 11 меѓусебни дуели, пак, почнувајќи од април 2014 година, Шкендија има дури девет победи а само две пресметки завршиле без победник.
Во таборот на Македонија ЃП веруваат дека може да парираат на Шкендија на свој терен и покрај лошиот старт на пролетта со поразот од 3-0 на гостувањето против Академија Пандев.
„Знаеме дека Шкендија ја носи фаворитската улога. Ќе биде тежок дуел, но подготвени сме за максимално надигрување носени од силната желба за позитивен резултат“ – вели офанзивецот на Македонија ЃП, Христијан Кировски.
Од друга страна, Шкендија не смее да си дозволи кикс доколку сака и натаму да ја одржува предноста во однос на Вардар на врвот од табелата.
ПМФЛ – 20. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА
Standings provided by Sofascore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski