Connect with us

Лацио сака да го доведе Леандро Паредес

Лацио е заинтересиран да го ангажира аргентинскиот интернационалец Леандро Паредес.


Тренерот на „лацијалите“, Маурицио Сари, би сакал да го има Паредес во тимот за новата сезона во која клубот од Рим ќе настапува и во Лигата на шампионите. Раководството на Лацио се обидува да пронајде решение како да го доведе на „Олимпико“.


Тој минатата сезона ја одигра како позајмен играч во Јувентус, но сега повторно е дел од ПСЖ, со кој има договор до јуни 2024 година.


Лацио нуди едногодишна позајмица, додека ПСЖ сака да го продаде ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови