Connect with us

Лацио: Имобиле останува во болница по сообраќајната несреќа

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, вчера доживеа судир кога трамвај налета на неговиот автомобил во Рим. Иако веднаш по несреќата истакна дека е добро, сепак, капитенот на Лацио е задржан во болница откако го повредил ‘рбетот и скршил ребро.


Засега не е познато до кога Имобиле ќе биде задржан на болнички третман.

„Медицинскиот персонал на Лацио соопштува дека по сообраќајна несреќа, фудбалерот Чиро Имобиле претрпел траума со дисторзија на ‘рбетот и сложена фрактура на десното ребро. Фудбалерот сè уште е под опсервација на одделот за итна медицина предводен од професорот Франческо Франчески од Универзитетската болница Агостино Гемели во Рим“, се вели во соопштението на Лацио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови