Connect with us

„Лацијалите“ сигурни против Сасуоло (ВИДЕО)

Лацио ја оствари 15. победа во Серија А оваа сезона совладувајќи го Сасуоло на „Олимпико“ со 2-1. Со овој триумф тимот на Маурицио Сари се искачи на петтата позиција на табелата со 52 бода.

Мануел Лаѕари во 17.минута донесе водство за домашниот тим, а на почетокот на второто полувреме предноста ја удвои Сергеј Милинковиќ Савиќ. Тоа беше доволно за да се скрши отпорот на Сасуоло и „лацијалите“ да ги освојат трите бода иако Сасуоло постигна почесен гол преку Хамед Траоре во 95.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови