Connect with us

Ла Лига не ја намали суспензијата на Левандовски

Казната на полскиот напаѓач, Роберт Левандовски, нема да биде променета. Тој беше суспендиран во Шпанија откако беше исклучен на натпреварот против Осасуна непосредно пред почетокот на Светското првенство. Дополнително, Левандовски си ја влоши ситуацијата со гестикулација кон судијата при излегувањето од теренот.


Барселона поднесе жалба за намалување на санкцијата на напаѓачот, но ова барање на Каталонците беше одбиено.

Ова е тежок удар за тренерот на Барса, Чави Хернандез, кој нема да може да се потпре на полскиот голгетер за дерби мечевите со Еспањол и со Атлетико Мадрид, како и за мечот против Хетафе.

Тоа беше само втор црвен картон за Полјакот во кариерата.

Левандовски ги започна сите четири натпревари на Полска во Катар. Тој во моментов има 13 гола во Ла Лига со тимот на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови