Connect with us

Кристијано Роналдо суспендиран на два натпревари откако удри противнички играч

Португалската ѕвезда на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, е суспендиран на два натпревари. Тој доби црвен картон на натпреварот против Ал-Хилал во Суперкупот на Саудиска Арабија, кој неговиот тим го загуби со 1-2.


Роналдо ja обжали казната со тоа што се појави на распит пред Дисциплинската комисија и се изјасни дека незаслужено бил исклучен. Но, тоа не му помогна премногу.

Португалецот ги загуби нервите, удри противнички играч и замавна кон судијата.

Сепак, се покажа дека неговите постапки нема да останат неказнети и тој ќе ги пропушти следните два натпревари на неговиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови