Connect with us

Комити: Вардар има навивачка армија која го следи секаде и секогаш…

Навивачката група Комити ги поздрави примопредавањето на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар. Новите сопственици се мошне амбициозни и ветуваат дека ќе го вратат на старите победнички патеки, во елитата и тоа на самиот врв.

„Конечно и формално-правно е извршено примопредавањето на фудбалскиот клуб Вардар. На пригодна прес конференција, конечно за прв пат јавно се појавија сите кои имаа(т) формална надлежност во клубот, поранешниот извршен директор, градоначалникот на Скопје и се разбира претседателот на Блу Скај Инвестмент и новиот инвеститор во ФК Вардар – Слободан Крстевски.

Извршени се сите формалности, примопредадени се права, обврски но многу повеќе од тоа…Вардар има историско наследство и континуитет кои ги носи уште од пред фузијата помеѓу ФК Македонија и СК Победа, формализирана на 22.07.1947 година. Вардар има историја уште од 1911г., Вардар има приказни раскажани, нераскажани, случени и кои тек ќе се случуваат, Вардар има навивачка Армија која го следи секаде и секогаш, таа има заслуги затоа што сме сега тука, и затоа што Вардар ќе се стабилизира. Но заслугите на страна, затоа што нашата љубов е безусловна !

Сега е време да се засукаат ракавите и да го вратиме клубот на висините на кои ние кои сме вљубени во Вардар, сакаме да го видиме и да му се радуваме !

СРЕЌНО ВАРДАРЕ !“, истакнаа Комити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови