Connect with us

Клоп: Сѐ уште не можам да разберам како не победивме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговиот тим бил блиску до целосен пресврт во дербито против Арсенал (2-2). „Црвените“ надоместија негатива од два гола, но се без победа во последните пет натпревари во сите натпреварувања.


„Се случи нешто што ни се случува цела сезона. Отворена игра, а противникот ја искористи предноста и постигна гол од нивните први две шанси. Сепак, добро реагиравме. На крајот тоа беше вистински спектакл. Сѐ уште не можам да разберам како не победивме“, беа првите зборови на Клоп по натпреварот.

„Ниту сум среќен, ниту лут. Моите чувства се измешани. Арсенал играше добро, но можеше и требаше да загуби. Пропуштивме неколку чисти шанси, што не е ништо ново. И при 0-2, сепак не се предадовме. Ги презедовме работите во свои раце и заслуживме барем да не загубиме. Конате во финишот можеше да постигне и трет гол, но очигледно се лизна. Штета, бидејќи тоа беше добра шанса“, изјави Јирген Клоп.

Во следното коло Ливерпул на 17. април гостува кај Лидс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови