Connect with us

Клоп му одбруси на газдата на Челси: Нека ги донесе и Харлем Глобтротерс!

Американскиот бизнисмен Тод Боели (48) го презеде раководството на Челси на крајот на мај. Боели го наследи Роман Абрамович, кој беше принуден да се повлече. Челси летово потроши 300 милиони евра и толку лошо ја започна сезоната што Боели мораше да го отпушти менаџерот Томас Тухел.


Сега се чини дека на Американецот повеќе му е потребен дополнителен профит, па предложи англиските клубови да се угледаат на американските. Тој смета дека треба да се воведе Ол-стар натпревар.

„МЛБ го одигра првиот Ол-стар натпревар оваа година. Заработија 200 милиони долари за два дена, во понеделник и вторник. Во Премиер – лигата би можел да се игра натпревар меѓу Север и Југ и така лесно би се заработиле дополнителни пари“, изјави Боели.

Сепак, брзо стигна одговорот од менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Не му требаше долго. Одлично, можеби би можел да најде место во календарот за тоа. Можеби планира да ги донесе и Харлем Глобтротерс? Во САД многу работи се поинакви“, возврати Германецот, познат по тоа што го критикува згуснатиот распоред и играњето премногу натпревари во една сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови