Connect with us

Клоп: Да ја елиминираме Аталанта, или да „паднеме“ на најубав можен начин

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги повика своите играчи да се обидат да го свртат резултатот против Аталанта, но доколку не успеат, да „паднат“ на најубав начин. Германецот ги употреби истите зборови пред реваншот со Барселона во мај 2019 година, кога Ливерпул победи со 4-0 на „Енфилд“, а претходно загуби со 0-3 на „Камп Ноу“.


„Се сеќавам дека тогаш реков дека ако не успееме, да го направиме тоа на најубав начин. Сега ги гледам работите на ист начин. Сакаме да победиме на овој натпревар и за да го направиме тоа мора да одиграме добро. Ако одиграме добро, имаме шанса да победиме. Тогаш ќе видиме што ќе се случува. По првиот натпревар реков дека и навивачите на Ливерпул и на Аталанта мислеа дека сѐ е готово. Сега, една недела подоцна, не мислам дека сите мислат како работите се решени“, изјави Клоп.

Сепак, Германецот истакна дека освен резултатот не гледа некоја посебна сличност меѓу моментната ситуација и онаа со споменатите натпревари со Барселона.

„Кои се сличностите? Да, тоа е резултатот, но не и перформансите. Игравме во Барселона и настапивме исклучително, но загубивме со 0-3. Никој не знаеше како дојде таквиот резултат. Сега загубивме со 0-3 на домашен терен, игравме лошо и гостуваме во вториот натпревар, што е многу поразлично“, потенцираше Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови