Connect with us

КЛ: Феенорд со предност оди во Марсеј, Рома ремизираше со Лестер (ВИДЕО)

Феенорд обезбеди предност од 3-2 против Олимпик Марсеј во првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига на УЕФА. Десерс и Синистера донесоа водство од 2-0 за Феенорд, но до крајот на првиот дел Олимпик Марсеј израмни преку Диенг и Жерсон. Десерс беше стрелец на победничкиот гол за Феенорд во 46.минута. 


Рома одигра 1-1 на гости против Лестер. Лоренцо Пелегрини обезбеди предност за тимот на Жозе Мурињо со голот во 15.минута, но во 67.минута Манчини си постигна автогол за 1-1.


Реваншите се за седум дена во Марсеј и во Рим.      

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови