Connect with us

Кике Сетиен ќе биде нов тренер на Вилјареал

Раководството на шпанскиот прволигаш Вилјареал брзо реагираше откако стана јасно дека нивниот досегашен тренер Унаи Емери заминува во Астон Вила. На негово место ќе дојде Кике Сетиен. Преговорите со искусниот стратег завршија успешно и тој се согласи да ја води „жолтата подморница“.


Сетиен е без работа повеќе од две години. Последен пат беше тренер на Барселона, но каталонскиот гигант го отпушти по катастрофалниот пораз (2-8) од Баерн Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Претходно, тој со успех го предводеше Бетис.

Вилјареал имаше разговари и со Марселињо Гарсија Торал, но тој претпочиташе да ја чека одлуката на Луис Енрике дали ќе остане на чело на фудбалската репрезентација на Шпанија и по Светското првенство во 2022 година.

По 11 кола во Ла Лига, Вилјареал е на седмото место на табелата со 18 бодови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови