Connect with us

Ќе се разреши ли ситуацијата со Пелистер?

Македонските прволигаши стартуваа со подготовки, а во Битола се уште молк. Освен најавата за трансформација на клубот и финансиската криза поради која најголем дел од фудбалерите веќе заминаа од Пелистер и имаат нови клубови, засега нема ништо.

Пеце Стојчевски веќе нема сили да го води клубот, а прашање е дали новото раководство на Пелистер ќе го формира британскиот инвестициски фонд „Максимо Десароло Лимитед“ кој доставил понуда до Општина Битола за да откупи 75% од управувачкиот пакет акции на фудбалскиот клуб. Со ова, компанијата би требало да добие комплетно право за менаџирање на клубот, користење на маркетиншките права, како и реализација на трансфери.

Во Македонија, како бренд – претставник на оваа компанија е наведен поранешниот македонски репрезентативец Артим Шаќири. Сепак, додека да се случи трансформацијата, веќе доцнат подготовките за ФК Пелистер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови