Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година утре (14 часот) ја пречекува Шведска во вториот квалификациски дуел на домашен терен во овој мини-циклус. Противникот е фаворит, иако Македонија успеа да слави на гости со 0-1 во првиот меч од квалификациите.
Селекторот Драган Канатларовски вели дека очекувал полесна победа против Гибралтар, но затаи реализацијата на младите фудбалери, а утре очекува тежок и неизвесен дуел со Швеѓаните.
„Против Гибралтар сите очекувавме дека малку полесно ќе дојдеме до победата, но, ете, имавме слаба реализација. Загубивме и тројца фудбалери, се повредија Диме Тодоровски и Берат Калкан, а Методи Максимов доби картони поради кои нема право на настап. Шведска е квалитетна селекција, сигурно ќе сака „одмазда“, но ние сме подготвени и сигурно дека и ние ќе се прашуваме за резултатот на овој натпревар. Ќе биде сосема поинаков дуел, а ние треба да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 90 минути и да знаеме што сакаме во секој момент од мечот“, изјави селекторот на младиот национален тим, Драган Канатларовски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski