Connect with us

Јувентус „украден“ од ВАР при голот на Милик?

Јувентус и Салернитана одиграа 2:2 во шестото коло од Серија А. Гостите на полувремето водеа со 0:2 со головите на Антонио Кандрева во 18. минута и Кшиштоф Пјонтек, кој погоди во петтата минута од судиското надополнување од пенал.

Во второто полувреме Јувентус успеа да се врати. Глејсон Бремер погоди во 51. минута за 1:2, а потоа следуваше неверојатен финиш.

Алекс Сандро во 92. минута доби пенал за Јувентус кој го одбрани Луиџи Сепе. Сепчак, Леонардо Бонучи погоди од одбиената топка за 2:2 во 93. минута.

Две минути подоцна торинскиот клуб поведе преку Аркадиуш Милик по корнер. Милик го прослави голот со соблекување на дресот, за што доби втор жолт картон од судијата Матео Марсенаро и беше исклучен.

Тогаш на сцена стапи ВАР. Имено, при ударот со глава на Милик, Леонардо Бонучи се најде во задниот дел од каде му пречеше на голманот на Салернитана, Сепе. И навистина, кога беше повлечена линијата, Бонучи беше во недозволена позиција за неколку сантиметри.

Сепак, најновото видео покажува дека италијанските судии брутално згрешиле. Не го виделе Антонио Кандрева од Салернитана, кој е најблиску до голманот.

По ова бура од играчите на Јувентус на социјалните мрежи. Милик напиша дека останал без зборови, а Хуан Куадрадо истакна дека се случил голем срам.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, едвај можеше да се смири по натпреварот.
„Жал ми е само затоа што сакавме да ја видиме сликата на која се гледа Кандрева од нашиот агол. Не можете да ја видите на сликите што ни ги дадоа на теренот“, изјави Алегри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови