Connect with us

Истрага за финансиски малверзации во Јувентус, издаден налог за апсење на Андреа Ањели

Челниците на Јувентус би можеле да одат на суд за наводно фалсификување на финансискиот извештај што го претставиле во јавноста. Обвинителката Ана Марија Лорето испратила барање полицијата да оди и да го уапси претседателот на клубот Андреа Ањели, пишуваат италијанските медиуми. Истрагата беше покрената минатата година.


Клубот е обвинет за сомнителни приходи во 2018, 2019 и 2020 година. Под истрага се 16 лица, сегашни и поранешни вработени во клубот, а имињата кои најмногу се издвојуваат се Андреа Ањели, Павел Недвед, Маурицио Аривабене и Фабио Паратичи.

Истражителите исто така сакаат да докажат дека играчите на Јувентус не сакале да се откажат од платите за време на пандемијата. Од клубот известија дека во тој период на играчите им биле скратени платите.

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е еден од играчите кои тогаш беа под договор со Јувентус. Како што пишува „Ла Стампа“, напаѓачот на Манчестер Јунајтед избегнал средба со обвинителот, одбивајќи да дојде на распит.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови