Connect with us

Инзаги: Тоа се само првите 90 минути, има и реванш

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ја коментираше победата на неговиот тим против Бенфика од 0-2 во првата четвртфинална пресметка од Лигата на шампионите. Италијанскиот стручњак рече дека успехот е голем чекор кон пласман во следната фаза од натпреварувањето, но има уште многу работа за тимот од Милано.


„Имавме одличен настап, покажавме напорна работа и уживавме во ноќта. Но, тоа се само првите 90 минути. Се снајдовме многу добро во двете фази, многу малку и дозволивме на Бенфика. Момците беа неверојатни, но не можеме со сигурност да тврдиме ништо пред реваншот. Да не заборавиме дека бевме на три натпревари без победа. Сите критики се добредојдени, јас сум доволно љубезен да слушам, да проверам од каде доаѓаат и да продолжиме понатаму“, изјави Инзаги за „Скај Спорт Италија“.


Сега „нероаѕурите“ имаат точно една недела да се подготват за реваншот. Натпреварот на „Џузепе Меаца“ е закажан за 19 април.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови