Connect with us

Интер притиска за Џанлука Скамака

Финалистот во Лигата на шампионите, тимот на Интер, не се откажува од намерата да го ангажира напаѓачот на Вест Хем, Џанлука Скамака и ќе достави нова понуда. Ќе вреди 25 милиони евра и ќе вклучува бонус клаузули.


24-годишниот Скамака веќе се согласил да се пресели кај „нероаѕурите“ и се очекува зделката да биде комплетирана во наредните денови.


Италијанскиот напаѓач прејде во Вест Хем минатиот јули кога „чеканите“ му платија на Сасуоло 36 милиони евра за неговите права. Сепак, Скамака не успеа да се избори за позиција во стартниот тим во својата прва сезона во Лондон и постигна само осум гола на 27 натпревари, повеќето од нив како замена.


Во последната сезона во Сасуоло постигна 16 гола на 38 натпревари.


Вест Хем веќе ја одби понудата од 20 милиони евра од Интер за напаѓачот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови